Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Радовиш е меѓу градовите што ќе добијат амбулантно возило.
Вкупниот буџет на проектот е над 1,2 милиони евра.
Амбулантно возило за итна медицинска помош ќе добие и Радовиш, во рамките на проектот „Heart Safe CBA“, финансиран со ИПА-програмата за прекугранична соработка со Грција.
Проектот има вкупен буџет од над 1,2 милиони евра. Амбулантни возила ќе добијат и Струмица и Гевгелија.
Проектот опфаќа и стручни обуки за медицинските тимови, наменети за унапредување на знаењата и вештините за згрижување критични пациенти.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.