Фотографија објавена на јавниот профил на Црвен крст – ОО Радовиш
Меѓу најавените програми е и „Зелен волонтеризам“.
Активностите се планирани за периодот што следува.
Средношколската унија при СОУ „Коста Сусинов“ и Клубот на млади при Општинската организација на Црвениот крст во Радовиш потпишаа меморандум за соработка на 3 ноември во Радовиш.
Во периодот што следува се очекуваат заеднички активности, врснички едукации, проекти и програми. Меѓу нив е и „Зелен волонтеризам“, а соработката треба да поттикне вклучување на младите во едукација, волонтерство и развој на заедницата.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.