Патот до манастирот во Ињево беше саниран и тампониран.
Целта е подобар и побезбеден пристап за верниците.
Оштетениот пристапен пат до манастирот во Ињево беше саниран и тампониран вчера и денеска, во пресрет на празникот Свети Архангел Михаил и манастирската слава.
На патот е насипан чакал, а целта на работите е верниците да имаат подобар и побезбеден пристап до манастирот.
Работите беа изведени во соработка со Општина Радовиш, рудникот „Бучим“ и фирмата „Евроградба“.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.