Радовиш 5°
Редакција: Радовиш.мкИспрати тема

Мени на Радовиш.мк

Редакција:Радовиш.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Ново амбулантно возило ставено во функција во Радовиш

Фотографија објавена на јавниот профил на Љупче Почивалец
Фотографија објавена на јавниот профил на Љупче Почивалец
  • Возилото е донација од Владата на Македонија.
  • Донацијата е дел од набавката на 100 нови амбулантни возила.
  • Тие ќе се користат за потребите на граѓаните на општините Радовиш и Конче.

Ново амбулантно возило вчера беше предадено и ставено во функција за потребите на ЈЗУ Здравствен дом - Радовиш. Возилото е донација од Владата на Македонија.

Донацијата е дел од набавката на 100 нови амбулантни возила. Новото возило за радовишкиот Здравствен дом е целосно опремено, со носилка, седишта и медицинска опрема.

Со ова возило, службата за Итна медицинска помош во Радовиш го обнови возниот парк со две нови амбулантни возила во рок од една недела. Тие ќе се користат за потребите на граѓаните на општините Радовиш и Конче.

На предавањето присуствуваше и градоначалникот на Радовиш, Љупче Почивалец. Тој оцени дека возилото ќе придонесе за подобри услови за работа на медицинските екипи и за поквалитетна здравствена услуга за граѓаните.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.