Фотографија објавена на јавниот профил на Црвен крст – ОО Радовиш
Црвен крст Радовиш ја организираше активноста во соработка со „Sport4Peace“.
Спортското дружење беше посветено на сеќавањето на жртвите од сообраќајни несреќи.
Со спорт и дружење, Црвен крст - Општинска организација Радовиш и „Sport4Peace“ во неделата, на 15 ноември, испратија порака за одговорно учество во сообраќајот.
Заедничката активност беше посветена на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи. Преку спортските и заедничките активности, учесниците повикаа на внимателност и почитување на сообраќајните правила.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.