На темата „Мисирков и неговата визија за македонската иднина“ говореа проф. д-р Елка Јачева-Улчар и проф. Јовица Илиќ. Низ излагањата и разговорот беа разгледани историските, јазичните и националните аспекти на неговата мисла. Трибината ја модерираше Гордана Здравковска, која со воведувања и прашања ги поврзуваше излагањата.
Средбата му претходеше на 18 ноември, датумот на кој Мисирков е роден во 1874 година. Стогодишнината од неговата смрт се наврши на 26 јули, бидејќи починал на тој датум во 1926 година.
Трибината ја организираше радовишката библиотека во соработка со Комисијата за култура, образование и спорт на Општина Радовиш. На чествувањето присуствуваа гости, пријатели и колеги македонисти, а библиотеката упати порака за помнење на Мисирков и зачувување на македонскиот јазик и култура.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.