Начевски е библиотекарка во оваа установа и роднокрајна авторка. Во романот секоја месечина носи своја приказна, чувства и доживување. Библиотеката го опишува делото како лична исповед за тешката животна борба, но и за силата, храброста и победата што ја одбележуваат приказната на авторката.
Книгата ја промовираше Марија Камчева, која се осврна на нејзината содржина и книжевна вредност. Според библиотеката, личната исповед на Начевски ѝ дала посебна длабочина на средбата, која ја опишуваат како исполнета со силни емоции.
Од ОНБ „Браќа Миладиновци“ велат дека промоцијата привлекла голем интерес кај љубителите на книжевноста и дека просторот бил претесен за сите присутни.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.