Прошетката „GLOW BIKE“ се одржа на 17 ноември во Радовиш.
Учесниците се движеа со осветлени велосипеди, на ролери и пешки.
Организаторите повикаа на внимателност и почитување на сообраќајните правила.
Со осветлени велосипеди, на ролери и пешки, учесниците во „GLOW BIKE“ на 17 ноември прошетаа низ улиците на Радовиш за да испратат порака за поголема видливост и безбедност во сообраќајот.
Прошетката ја организираа Црвен крст – Општинска организација Радовиш и Вело Лисец, по повод 15 Ноември, Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајот.
Покрај видливоста, организаторите повикаа и на поголема внимателност и почитување на сообраќајните правила, со пораката „Биди видлив. Биди внимателен. Биди безбеден!“
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.