Фотографија од настанот · ООУ Крсте Петков Мисирков – Радовиш
Девојчињата од „Крсте Петков Мисирков“ го освоија првото место во одбојка.
Во фудбал за момчиња победи екипата на „Орце Николов“.
Натпреварите се одржаа по повод патрониот празник на училиштето.
Одбојкарките на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш го освоија првото место, а момчињата од училиштето завршија втори во фудбал на денешните спортски натпревари по повод неговиот патронен празник.
Натпреварите се одиграа во спортската сала на ООУ „Крсте Петков Мисирков“. Во одбојка за девојчиња, зад домашната екипа се пласираа ООУ „Никола Карев“ на второто и ООУ „Коста Рацин“ на третото место.
Во фудбал за момчиња победи екипата на ООУ „Орце Николов“. Зад второпласираниот домаќин, третото место го освои ООУ „Никола Карев“.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.