Извор на фотографијата: Министерство за внатрешни работи
При претрес со судска наредба биле одземени марихуана и предмети со нејзини остатоци.
Јавен обвинител е известен, а пријава ќе следува по документирањето.
Пол мициски службеници вчера во Радовиш го лишиле од слобода С.В. (29), откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени марихуана и предмети со остатоци од марихуана.
Претресот бил извршен со судска наредба, а пронајдената марихуана и предметите биле одземени. Постапувале полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш.
За случајот е известен јавен обвинител. По целосното документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.